Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

MEDINILA

Go down

MEDINILA Empty MEDINILA

Пишување by Flora Пон Ное 05 2018, 12:30

Мединила (Medinilla magnifica)

Мединилата е непретенциозно цвеќе, кое потекнува од Југоисточна Азија (Филипините). Во височина растението достигнува до 1 м.

Листовите се големи, овални и сјајни. Цвета на пролет со ситни бели или бледо розеви бои, собрани во гроздови. Гроздот содржи до 100 цветови, кои паѓаат надолу и над нив се формираат светлорозови лисја.

Место: Мединилата не сака директна сончева светлина. Во жешките летни денови ставете ја на шарена сенка, а во зима можете да ја одгледувате на источен или западен прозорец. Температурата треба да биде умерена – во лето околу 20-25 степени, додека во зима околу 15 степени.

Нега: Бидејќи потекнува од тропски област Мединилата сака висока воздушна влажност. Особено во текот на жешките летни денови е препорачливо пулверизирање на растението. Исто така, е добра идеја да се стави саксијата на цвеќето над сад со вода. На тој начин постепеното испарување на вода ќе ја обезбеди потребна влажност на мединилата.

Наводнувањето во текот на летото е обилно, додека во зима се намалува силно до толку што ќе се одржува минимална влажност во почвата. Обезбедете добра дренажа за истекување на вишокот вода. Добра идеја е саксијата да се потопува во сад со вода. Потоа оставете го вишокот вода да истече целосно. Соодветна за одгледување на Мидинилата е почвата супстрат составена од тресет, чимовка и малку едрозрнеста песок.

Размножување: Со сечат врвовите и се вкоренуват за еден месец на температура од околу 25 степени.

https://gradina.mk/medinila-medinilla-magnifica/

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот