Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

MAGNOLIJA

Go down

MAGNOLIJA Empty MAGNOLIJA

Пишување by Flora Нед Окт 14 2018, 11:35

Ubvavo rascvetano drvo super ukras za sekoja gradina ako imate dovolno prostor.

Магнолија

Ги има над 100 вида, од грмушки до стеблинки. Магнолиите најчесто цутат во бела, жолта, розова и пурпурна боја, а цветовите имаат прекрасни форми.

Името потекнува од францускиот ботаничар Пјер Магнол, кој живеел од 1638. до 1715. година.

Магнолиите сакаат карбонантно-варовничка почва, додека „Magnolia kobus“ расте на сите видови почви.

Мошне се отпорни на студ, но цветовите на одделни видови страдаат на пролет поради доцни ноќни мразеви и ветер. Затоа заветрината и јужно ориентираната страна би биле идеални за ова растение.

Магнолијата расте до 5 метри, во зависност од сортата. „Magnolia grandiflora“ може да достигне и 8 метри.

Најдобро успева во полусенка, заштитена од пролетни мразеви и студени ветрови, но поотпорните вариетети успеваат добро и изложени директно на сонце. Земјата мора да биде ровка, по малку кисела и способна да задржи влага. На „Magnolia grandiflora“ и е погодна свежа и длабока црница.

Цути од март, кога почнува да цути „Magnolia stellata“, па се до јуни и јули кога продолжува цутењето на „Magnolia grandiflora“. Цутењето може да биде поместено во зависност од временските услови. Често цветовите се појавуваат пред листовите.

Магнолијата се размножува со марготирање во јуни и октомври, но и со семе („Magnolia grandiflora“).

Се залева во првите години на вегетацијата редовно, а подоцна изобилно само во летниот период. Кога растението ќе порасне, раководете се според климатските промени и не допуштајте почвата целосно да исуши.

Не е потребно кастрење, туку евентуално сезонско отстранување на сувите и оштетени гранки.

Се користи како солитерно дрво, на тревници, правење на дрвореди, често за украсување на паркови и градини.

Неколку попознати видови на магнолии:

Magnolia grandiflora
-Мошне убаво пирамидално дрво, со мазни и сјајни листови од горната страна, како и влакнести и црвенкасти од долната. Големите кожести листови често преку зима остануваат да висат на гранките. Овој вид на магнолија има мошне големи бели мирисни цветови, со 10-12 латици и црвени прашнички нишки. Цути од мај до јуни. Иако поединечниот цвет не трае долго, со оглед на изобилството на цветови кои цутат еден по друг, дрвото останува цветно подолго време;

Magnolia stellata
-Оваа ѕвездеста магнолија во форма на грмушка или топка нараснува до 2,5 метри во висина. Има прекрасни бели ѕвездести цветови со тркалезна или елипсоидна форма, со должина од 6-12 сантиметри, составени од поголем број на положени латици. Иако цветовите се релативно мали, го пленат вниманието со својата елеганција, белината и мирисот. Цути од март до април.

Таа е една од најубавите грмушки за мала градина. Спаѓа во оние видови чии цветови често страдаат од раните мразеви и студените ветрови. Поради тоа посадете ја покрај голем топол ѕид или во заветрина.

Се смета за најубава од сите магнолии. Особено вариететот на stellata под името „Magnolia stellata var. keiskei“, со висина од 1,5 метри и густи ѕведести цветови;

Magnolia kobus
-Оваа магнолија расте на сите видови почви. Нараснува до 6 метри во висина, а има мали бели цветови кои се појавуваат пред да пролиста. Цути во април;

Magnolia X Sulangeana
-Обична магнолија. Има големи цветови, бели од внатрешната и розови од надворешната страна. Може да израсне во мошне широка грмушка со висина до 5 метри, па не е згодна за садење во мали градини.

Цветовите и листовите се појавуваат истовремено, а цути од април до мај. Листовите се едногодишни, со изразито видливи жилички во средината;

Magnolia liliiflora „nigra“
-Оваа голема грмушка со темнорозови цветови може да израсне до 3 метри висина. Најнапред се појавува листот, а потоа цветот. Цути од мај до јуни;

Magnolia sieboldi
-Оваа голема грмушка од 3 до 5 метри висина цути подоцна од повеќето магнолии, од јуни до јули. Има релативно тенки гранки, тркалести долгнавести листови кои од горната страна попримаат темнозелена, а од долната зеленосина боја. Цветовите се мирисни со изразито црвени прашници, во форма на пехари, со шест латици на долги стапки;

Magnolija X Brooklynensis „Yellow bird“
-Над се интересна, но мошне ретко видена магнолија во нашите простори и ботаничките градини. Изразито жолтите цветови со вкрстување добиле квалитетна форма на лале и со својата појава го пленат вниманието. Нараснува до 4 метри висина. Цутењето почнува и кај младите растенија на почетокот од мај.

Magnolia X Brooklynensis „Woodsman“
-Со нежна кремаста боја која кон врвовите на латиците преминува во темноцрвена. Расте до 5 метри, а цути од април до мај;

Magnolia „Elizabeth“
-Има кремаста нежна боја, цути и расте бујно, во висина до 2,5 метри. Цути од мај до јуни;

Magnolia X Loebneri „Neil McEacharn“
-Ситноцветна бела магнолија, со висина до 3,5 метри. Цути од април до мај;

Magnolia „Manchu Fan“
-Има нежна кремаста боја со тон на розова, со висина до 6 метри. Цути во април;

Magnolia „Willsoni“
-Има бела кремаста боја, со висина до 3 метри. Цути од јуни до јули. Мошне необичен цвет со изразит толчник и прашници. Бара засолнет простор.

MAGNOLIJA Magnolija-696x474

http://panoptikum.mk/magnolija/

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот