Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

TEGAVEC

Go down

TEGAVEC Empty TEGAVEC

Пишување by Flora Вто Сеп 25 2018, 11:29

Go ima nasekade, sekoj moze da go najde a e edna od najlekovitite bilki.

ТЕГАВЕЦ
(Plantago major, fam. Plantaginaceae)

Тегавецот расте насекаде, на влажни места, покрај патишта, реки, ливади, шуми. Кај повеќето видови тегавец, листовите се развиваат во облик на розета на дното на стеблото, кое е неразгрането и нема листови. Стеблото завршува со соцветие од ситни, неугледни цветови.

Во зависност од обликот на листовите и соцветијата, се разликува женски, широколисен тегавец (Plantago major) и машки, теснолисен тегавец (Plantago lanceolata). И двата вида тегавец се трајни зелјести билки, со листови во розета, а на секој лист се истакнуваат нерви кои при врвот се соединуваат. Цвета од пролет до зима.

Листовите на женскиот тегавец се широкојајцести, сјајни и дебели, на широко стебло и поради тоа се нарекува уште и широколисен или крупен тегавец. Има долго, сивкасто или розеникаво соцветие, а цветното стебло е долго колку и листовите. Расте на влажни места, покрај патишта, под настрешници и секаде каде се слева вода.

Машкиот тегавец има тесни, долгнавести, шилести листови, кои постепено завршуваат во кратко стебло. Соцветието е кратко, мало, јајцевидно или тркалезно, цветовите се бели, а цветното стебло е подолго од листовите и има пет бразди.

Активен дел од оваа билка се листовите (Plantaginis folium). Во сите органи на билката има хетерозид аукубозид и ензим инвертаза, емулзин, тирозиназа и коагулаза. Во лисјата има околу 4% танини, пектин, лимонска киселина, C-витамин, сапонозиди и фитонциди.

Листот од тегавец делува против разни воспаленија на кожата и на слузокожата, како и на рани што крварат. Листот од тегавец е одлично природно средство за подобрување на функцијата на респираторниот систем бидејќи го зголемува излачувањето на течност во белите дробови и со тоа го олеснува искашлувањето на густата сува слуз од органите за дишење.

За ублажување на напади на кашлица и полесно искашлување на секретот се препорачува топол чај од тегавец да се пие три пати во текот на денот или комбинација од сушен лист од тегавец, бел слез, лист од подбел и анасон. Три супени лажици од оваа мешавина се преливаат со 500 ml свежо зовриена вода, се остава во покриен сад и по 3 часа се процедува, се засладува со мед и се пие на секои 2 часа по една лажица.

Сам или во комбинација со други чаеви, поволно дејствува при заболувања на дигестивниот тракт, посебно е делотворен при состојби на дијареја, катар, грчеви, чир на желудникот и дванаесетпалачното црево.

Во фармацевтската индустрија, листот од тегавец наоѓа примена за изработка на пастили со пријатен вкус наменети за подобро функционирање на органите за варење (чир на желудник и дванаесетпалачно црево) и на органите за дишење (хроничен бронхитис, фарингитис и ларингитис).

http://www.bilnaapteka.mk/tegavec-plantago-major-fam-plantaginaceae.nspx

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

TEGAVEC Empty Re: TEGAVEC

Пишување by Flora Вто Сеп 25 2018, 11:32

Evew uste edna statija za tegavecot.

Тегавец - тајниот лекар од дворот
www.doktori.mk, 24.7.2014
Тегавецот е билка која луѓето ја употребуваат уште од најстари времиња. Се среќава скоро во секој двор затскриена помеѓу другите тревки, по ливадите и во шумите каде нема дрвја

За да израсне не и се потребни посебни услови. Потребното количество вода го прима од дождовите. За време на сушен период не бара посебно налевање со вода.

Постојат два вида тегавец:

машки тегавец Plantago Lanceolata и
женски тегавец Plantago Major
Tиe се разликуваат по обликот на листовите.



Лековит состав

Во листот на тегавецот се наоѓаат околу 6.5% слузава материја во облик на полисахариди, танини, кумарин ескулетин, флавоноиди (апигенин, лутеолин и скутелареин), повеќе од 1% кременова киселина, од минералите застапени се цинкот и калиумот. Содржи и сапонини кои делуваат хемолитичко и два многу важни иридоидгликозиди аукубин и каталпол.

Акубинот има антивирусно, детоксично, антимикробно и антиинфламаторно дејство, а каталполот има антихипертензивно, антивирусно, антитуморно, хепаропротективно, спазмолитично и антиинфламаторно.

Освен овие својства, тегавецот делува и антисептичко, диуретичко, бактерицидно и бактериостатички.

Употреба на тегавецот како лек

Лекот кој во себе содржи тегавец најчесто се користи за лекување на болести на дишните патишта, астма, бронхитис, кашлица и грип.

Чајот од листовите на тегавецот е погоден за деца бидејќи е вкусен, а по потреба може да се заслади со шеќер или мед. Се употребува и при воспаление или чир на желудникот или цревата. Корисен е при заболувања на црниот дроб и мочниот меур, како и против создавање камења и песок во бубрезите.

Свежите листови кои претходно треба да се згмечат се користат како облоги кои се ставаат на место на убод од инсекти или каснувања од змија. Сокот од свежите листови го спречува крварењето и го забрзува зараснувањето на раната.

http://www.ringeraja.mk/statija/tegavec-tajniot-lekar-od-dvorot_4166.html

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

TEGAVEC Empty Re: TEGAVEC

Пишување by Flora Вто Сеп 25 2018, 11:34

Eve i slikicki.

TEGAVEC 220px-Plantago_major

TEGAVEC Be84c51f0748357c09b80ca43fefd46f

TEGAVEC 21-tegavec

TEGAVEC 0-98-696x371

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

TEGAVEC Empty Re: TEGAVEC

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот