Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

BAMJA

Go down

BAMJA Empty BAMJA

Пишување by Flora Пон Сеп 17 2018, 11:16

Ako znaes da ja jades treba da znaes i kako da ja odgleduvas.

Бамја – необичен зеленчук

Бамјата била одгледувана уште од страна на античките народи на Блискиот Исток, од каде што е пренесена на Балканот, Западна Европа и САД. Кај сите словенски народи, единственото име на овој вид зеленчук е бамја, и е со арапско потекло, а се смета за типичен ориентален зеленчук.

Најмногу се одгледува во Турција, Бугарија, Грција, Македонија, а од поранешните југословенски простори, застапена е во Босна, односно во Херцеговина. Во поголемиот дел од Македонија (централниот и источниот), бамјата има долга традиција на одгледување. Сепак, во споредба со другите зеленчуци, не е доволно застапена во исхраната. Кај нас попознати сорти се „цариградска” („султанија”), „црвена бамја” и др. Гурманите ја сметаат за деликатес и специјалитет. Нејзините необични плодови имаат пријатен, необичен вкус и мирис. Се користат како свежи или исушени за подготовка на различни јадења (особено за македонскиот специјалитет турлитава), а може да се замрзнат, исушат или конзервираат во сол. Како замена за кафе, може да послужат зрелите семиња, кои се исушени, а потоа се печат и мелат. Во народната медицина од листовите и стеблата се прават лековити напитоци против пролив и за намалување на шеќер во крвта.

Одгледување
Бамјата е едногодишно растение од фамилија слезови. Таа е едногодишно растение, коешто може да израсне во височина и до 2,5 м. Најубава е кога во пазувите на листовите се отвораат мноштво на големи, жолто-бели цветови. Тие траат само еден ден, но веќе следниот ден се отвораат нови. Поради декоративноста, се одгледува и во саксии.

Бамјата е една од најтоплољубивите градинарски култури. Почнува да поникнува на температура од 15°С, а оптималната е 25°С. Активната вегетација е при температура меѓу 26 и 28°С. Исклучиво е светлољубива и е припадничка на групата растенија на долгиот ден.

Барањата за влажноста на почвата се многу изразени во текот на целата вегетација, а особено во фазата на никнување (кое е споро). Во почетокот бамјата се развива полека, особено при ниски пролетни температури. Покасно растението зајакнува, за краток рок се развиваат многу листови и јако стебло. За време на плодоносењето, треба да се обезбедат доволно хранливи материи во лесно достапен облик. Бамјата дава плодови се до доцна есен, се додека не се појават првите мразеви. Ѓубрењето на бамјата треба да е обилно, и тоа со органски (30-40 т/ха арско ѓубре), минерални материи (80-120 кг ^РК ѓубрива). Поради изразените барања за хранливи материи, треба да се одгледува на плодни, структурни и добро припремени почви.

Бамјата се произведува со директна сеидба која се изведува откако почвата доволно ќе се загрее, односно кога температурата на воздухот е околу 20°С. Најчесто тоа е кон средината на април во потоплите делови на земјата, или во почетокот на мај. Се сее во редови 40-50 х 25-30 см или во гнезда (50-60 х 25-30 см), со употреба на 20 кг/ха семе. Негата во текот на вегетацијата се состои во редовна меѓуредова обработка, наводнување, прихранување и сузбивање на лисните вошки, кои често се појавуваат.

За исхрана се користат младите плодови (стари 3-5 дена), додека се нежни и сочни. Се берат често, бидејќи во спротивно прераснуваат и огрубуваат. При бербата, се одвојуваат од стеблото заедно со дршката и чашкините листови. Плодовите, па и целото растение се прекриени со влакненца. Се берат секој ден или секој втор ден, бидејќи плодовите брзо растат и го губат квалитетот. Не поднесуваат подолг транспорт и чување.

Ценета во кулинарството
Во кулинарството бамјата е ценета поради содржината на слузни нискокалорични материи, кои одлично ги згуснуваат чорбите и сосовите. Од свежите плодови се прават каши, супи, турлитава, ѓувеч, мусака и разни други јадења. Таа одлично „се согласува” со разни видови на месо. Притоа, плодовите не се лупат, само се отстрануваат дршките и чашкините листови и добро се мијат. Ако тие се големи, се преполовуваат во пречник или надолжно. За произведените и потрошени количества, кај нас не може да се добијат податоци. Бамјата, се проценува дека во најголем дел се користи како свежа во домаќинствата и конзервната индустрија, а еден мал дел се суши или замрзнува.

Сушењето обично се изведува двофазно. Прво се потсушуваат на чисто платно, а потоа се нижат во низи и се досушуваат под сенка, на место каде што има провев, при што се сортираат по големина за добар изглед. Исушените плодови два до три часа пред користењето се потопуваат во топла вода, во која се додава и малку сок од лимон. Вака подготвени, нема да се распаднат за време на готвењето. Хемискиот состав на бамјата е многу сличен на боранијата. Има нешто поголема хранлива и енергетска вредност, повеќе сува материја, протеини, витамини и калиум, а помалку натриум и железо. Таа, исто така, содржи значајни количини на магнезиум, бакар, цинк, манган, ванадиум, сулфур и силициум. Карактеристичниот мирис и вкус доаѓаат од слузните материи и етеричните масла. Поради високиот процент на целулоза, пектин, благотворно делува на органите за варење, и се препорачува за луѓето кои страдаат од гастритис, чир, воспаление на цревата. Покрај тоа, го поттикнува отстранувањето на токсините од телото, а и се припишуваат и афродизијачки својства.

https://agroalternativa.info/bamja-neobicen-zelencuk/

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот