Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

MITOVI

2 posters

Go down

MITOVI  Empty MITOVI

Пишување by EVITA Сре Сеп 05 2018, 14:40

Nekolku mitovi povrzani so zdravata hrana i naviki.

1. Гумите за џвакање и системот за варење
Ако ја голтнавте гумата за џвакање, не паничете. Многумина веруваат дека на гумата за џвакање и требаат седум години за да искочи од телото. Лекарите велат дека ова не е вистина.

2. Јадењето по 20 часот и губењето килограми
Постои мит според кој доколку избегнувате храна по 20 часот, ќе ослабете. Оброците навечер се проблематични ако јадете големи колични висококалорична храна. Оброците по 20 часот не се поврзани со слабеење.

3. Јајцата и холестеролот
Според последните истражувања, редовното конзумирање јајца не го зголемува ниту холестеролот ниту ризикот од срцеви заболувања.

4. Морковите и видот
Морковите навистина содржат витамин А кој е добар за видот, но тоа не значи дека со нив ќе го поправите лошиот вид.

5. Правилото 3 секунди
Многумина веруваат дека храната која паднала на подот и понатаму останува чиста доколку ја кренете во рок од 3 секунди. Ова едноставно не е вистина и ризикувате да се заразите со разни бактерии.

6. Јаболките ги чистат забите
Во митот дека јаболките ги чистат забите има дел вистина, но редовното миење на забите со паста и нивното чистење со конец е задолжително.

https://www.alsat-m.tv/mk/%D1%88%D0%B5%D1%81%D1%82-%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D1%81%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D0%BB%D1%83%D1%93%D0%B5%D1%82%D0%BE/

EVITA

Број на мислења : 269
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

MITOVI  Empty Re: MITOVI

Пишување by EVITA Сре Сеп 05 2018, 14:43

I uste nekoi veruvanja koi ne se vistiniti.

Две литри вода на ден

Внесување на течностите зависи од големината на телото, желудникот и од секојдневните активности. Сите вишоци само ќе минуваат низ телото.

Витамин Ц при настинка

Верувањето дека витаминот Ц го намалува ризикот од инфекции, е вистинито само кај лица кој имаат недостаток на тој витамин, како и кај оние кои имаат екстремна физичка активност секојдневно. За сите останати, конзумирањето на суплементи на храна кои содржат витамин Ц се покажа како сосема бескорисно.

Кафето е диуретик

Кафе содржи кофеин кој има благ диуретски ефект, доколку не го пиете често. Доколку конзумирате чај, кафе или енергетски пијалаци често, тогаш црниот дроб ќе се навикне на процесирање на кофеин, неутрализирајќи го овој ефект.

По јадење не постои вежба
mitovi-za-ishranata1
Додека вежбаме, на мускулите им е потребно повеќе крв за достава на кислород и хранливи материи. И вежбањето и јадењето имаат одредени барања, почнувајќи од циркулацијата па натаму, но сосема е прифатливо по јадењето да вежбате, но се разбира - не преинтезивно за да мускулите не повлечат премногу кислород.

Оброци кои се конзумираат доцна дебелеат

Широко прифатено верување е дека оброците пред спиење придонесуваат за таложење на килограмите, е она што прво не успеа на тестот за неговата вистинитост.

Всушност, важно е само тоа да вашето секојдневно внесување на калории да се совпаѓа со дневните потребите на телото. Кога ќе ги внесеме калориите во телото, нема значење.

https://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/3082-mitovi-za-ishranata

_________________
Стево Пендаровски , претседател на сите граѓани

EVITA

Број на мислења : 269
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

MITOVI  Empty Re: MITOVI

Пишување by EVITA Сре Сеп 05 2018, 14:45

I uste pet zdravi naviki koi vsusnost se mit.

Додатоци во исхраната - витамини

Во понудата постојат голем број на витамински препарати, кои, наводно не штитат од настинка и не прават поздрави и повитални. Всушност, витамините служат за регулирање на процесите во нашето тело и за стимулирање на одредени хормони. Советот на докторите е да се води сметка и да не се внесуваат премногу додатоци во исхраната, бидејќи на тој начин тие можат да бидат контрапродуктивни за организмот.

Жолтиот шеќер е поздрав од белиот

Станува збор за уште една заблуда, бидејќи жолтиот шеќер е ист како и белиот. Единствена разлика е тоа што жолтиот шеќер содржи густа течност со темна боја. Главната заблуда лежи во тоа што многумина сметаат дека тој е поздрав, бидејќи не е сладок како белиот.

На секого му се потребни осум часа сон

Експертите веќе со години полемизираат на оваа тема. Заклучено е дека недостатокот на сон и физичка активност, негативно влијаат на здравјето на поединецот, но на некои луѓе едноставно им се доволни шест часа сон, додека на некои нема да им биде доволно ниту ако спијат по девет часа. Секоја индивидуа си има поинаков животен ритам и навики.

Антибиотикот ги убива вирусите

Ако имате грип за време на зимската сезона, тогаш докторот веројатно ќе ве испрати дома, со совет да внесувате што повеќе течности и да одмарате, без антибиотици. Антибиотикот не се дава бидејќи тој не ги убива вирусите, како што е грипот во случајов, туку тој се препишува само ако станува збор за воспаление или бактерија.

Алкохолот ги уништува мозочните клетки

Никој не препорачува консумација на алкохолни пијалаци, освен чашка вино за ручек, но експертите докажаа дека е мит мислењето за тоа дека алкохолот уништува мозочни клетки. Тој влијае на метаболичките процеси и прекумерната доза може да доведе до недостаток на кислород во организмот, што доведува до проблеми поврзани со клетките во мозокот, но дефинитивно не ги уништува.

https://kajgana.com/koi-pet-zdravi-naviki-se-vsushnost-mit

_________________
Стево Пендаровски , претседател на сите граѓани

EVITA

Број на мислења : 269
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

MITOVI  Empty Re: MITOVI

Пишување by Flora Саб Дек 01 2018, 10:03

Eve uste nekoj mit ovoj pat za mineralnata voda.

ШТО Е ПОЗДРАВО: ОБИЧНА ИЛИ КИСЕЛА ВОДА?

За киселата вода можете да слушнете и прочитате се, од тоа дека е лековита, па се до тоа дека е штетна, во однос на обичната негазирана вода. Еве што вели науката за овие четири раширени верувања за минералната вода.

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

MITOVI  Empty Re: MITOVI

Пишување by Flora Саб Дек 01 2018, 10:03

МИТ: Минералната вода неможе да хидратизира како обичната вода

Се смета дека јаглен-диоксидот од минералната вода го спречува телото да ја искористи водата, но истражувањата покажаа дека тоа не е вистина. Студиите покажаа дека по интензивниот тренинг минералната вода не закрепнува исто како и обичната.

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

MITOVI  Empty Re: MITOVI

Пишување by Flora Саб Дек 01 2018, 10:04

МИТ: Минералната вода е лоша за забите и коските

Јаглеродната киселина која се појавува кога ќе се спојат јаглен-диоксидот и водата може да ја оштети забната глеѓ, но за тоа да се случи, би требало да пиете огромни количини на кисела вода (шест или повеќе литри) секој ден. Што се однесува на коските, по студијата која го проучувала влијанието на газираните пијалоци на густината на коските кај жените, сите минерални води добиле „зелено светло“.

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

MITOVI  Empty Re: MITOVI

Пишување by Flora Саб Дек 01 2018, 10:04

МИТ: Минералната вода не помага при слабеењето како и обичната вода

Киселата вода може да предизвика привремена надуеност, но, таа создава подобро чувство на ситост од обичната вода, особено доколку ја пиете на празен стомак. Тоа значи дека минералната вода всушност е добар сојузник во слабеењето. Но, тоа не важи за киселите води „со вкусови“ бидејќи во нив има вештачки засладувачи кои ќе ви ја зголемат желбата за слатки.

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

MITOVI  Empty Re: MITOVI

Пишување by Flora Саб Дек 01 2018, 10:04

МИТ: Минералната вода предизвикува киселина

Минералната вода нема да предизвика киселина, но може да ја влоши состојбата доколку веќе ве мачи овој проблем. Ако имате киселина, подобар избор е обичната вода, особено со оброците. Минералната вода ја влошува состојбата бидејќи меурчињата го релаксираат отворот на хранопроводот, со што и олеснуваат на желудечната киселина да се врати во хранопроводот, а со тоа се предизвикуваат киселини.

https://samozdravje.mk/shto-e-pozdravo-obichna-ili-kisela-voda/

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

MITOVI  Empty Re: MITOVI

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот