Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

PITA

4 posters

Go down

PITA Empty PITA

Пишување by IVA Пет Јан 05 2018, 14:04

Пита сo кисела зелка

Доаѓа Бадник. Време е за пита со кисела зелка…



Потребно:

Тесто

400 гр. брашно

1 лажичка сол

1/2 лажичка шеќер

прстофат сода

3 лажици масло

220-250 мл вода

За премачкување

по потреба масло и маргарин (пола-пола)

Фил

1 мала главица кисела зелка

по вкус бибер

малку зејтин

Подготовка :

Зелката треба да се исечка, да се исцеди убаво и да се пропржи со бибер и малку зејтин (така може да ја ставите во сад, да ја замрзнете и да ја имате секогаш при рака)

Од состојките за тесто се замесува меко, нелепливо тесто. Потоа разделете го на парен број топчиња (мене ми излегоа 16, 10 за долната и 6 за горната кора). Маргаринот растопете го, па потоа додадете и масло промешајте да се изедначи (да не биде топло).

Од секое топче расукајте коричка, убаво намрсете ја секоја коричка па поклопете ја со наредната. Добивате 2 купчиња со 10, односно 6 корички.

Второ расукување …

Земете го второто купче и расукајте голема кора. Премачкајте ја целата со маргаринот и маслото, потоа преклопете ги двата краја до средината. Повторно премачкајте и уште еднаш по должина и преклопете (добивате тенка лента од тестото).

Премачкувате пак и ги виткате двата краја до средина. Последно премачкување и преклопувате на половина (да добиете коцка). Кога двете кори се спремни, оставете ги 10-тина минути во фрижидер.


Трето расукување …

Земете го тестото за долната кора, расукајте кора соодветна на тавчето во кое ќе печете. Префрлете ја во намрсено тавче и распоредете го филот. Расукајте ја и горната кора, прекријте и направете си витка. Убаво попрскајте ја целата со растопениот маргарин и масло и ставете да се пече во претходно загреана рерна.

Оставете малку да се излади па послужете.

http://reporter.mk/hrana/pita-kisela-zelka/
IVA
IVA

Број на мислења : 367
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by Luxor Вто Фед 27 2018, 19:21

Брза пита (посно)

Состојки
квас
1 сув квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка брашно
300 мл. млака вода
останати состојки
5 лажици масло
1 лажичка шеќер
1/2 лажичка сол
400 - 500 гр. брашно
по потреба маргарин
2-3 лажици кечап
2 лажици посен мајонез
по потреба оригано
по потреба масло за премачкување на зелникот
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by Luxor Вто Фед 27 2018, 19:21

1. Сувите состојки за квасот се ставаат во сад во кој ќе се меси, се мешаат, се додава млаката вода и се остава да се активира квасецот.
2. Се додава маслото, шеќерот и солта, се меша и потоа постепено се додава просеаното брашно се додека да се добие меко нелепливо тесто.
3. Тестото веднаш се дели на два дела, еден поголем и еден помал.
4. Првин поголемиот дел се рассукува во кора и се става во намрсено таче бр. 28 но да има тесто од страните за правење витка.
5. Внатре тестото се премачкува со маргарин. Се мешаат кечапот и посниот мајонез и оваа мешавина се распоредува на тестото, се наросува со оригано.
6. Вториот дел од тестото се рассукува и се става во тавчето да биде со набори, се прави витката и одозгора цел зелник се премачкува со масло.
7. Се пушта рерната и штом се загрее на 200 степени, зелникот се пече 20 минути, а по потреба и уште десетина минути.

https://moirecepti.mk/post/%d0%bf%d0%be%d1%81%d0%b5%d0%bd-%d0%b1%d1%80%d0%b7-%d0%b7%d0%b5%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by IVA Пон Окт 29 2018, 11:06

Doaga vremeto na tikvite, vkusni se i zdravi.

Наједноставната пита од тиква: Идеален десерт за попладневно уживање!

Потребни состојки:

За тестото

250 грама брашно
120 грама путер
50 грама шеќер
1 јајце со средна големина
1 лажица кисела павлака
прстофат сол
IVA
IVA

Број на мислења : 367
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by IVA Пон Окт 29 2018, 11:06

За филот

400 грама тиква
150 грама шеќер
3 јајца
125 милилитри слатка павлака
IVA
IVA

Број на мислења : 367
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by IVA Пон Окт 29 2018, 11:06

Начин на подготовка:

1. Исечкајте ја тиквата на помали коцки. Во поголема чинија ставете вода, ставете ја во неа исечканата тиква и оставете ја да зоврие. Варете отприлика 15 минути или додека не омекне тиквата. Потоа, исцедете ја тиквата и претворете ја во пире со миксер или во блендер. Можете и да ја изгмечите.
IVA
IVA

Број на мислења : 367
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by IVA Пон Окт 29 2018, 11:07

2. Ставете го брашното во садот каде што ќе го месите тестото. Во брашното додајте сол и шеќер. Исечкајте го путерот на листови, ставете го во брашното и издробете го со прсти. Бидете што е можно побрзи за да не ви се растопи путерот премногу, а пред дробењето, измијте ги рацете во ладна вода за да го разладите.
IVA
IVA

Број на мислења : 367
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by IVA Пон Окт 29 2018, 11:07

3. Во смесата од брашно, путер, шеќер и сол, додајте јајце и лажица павлака, па сите состојки измешајте ги со рака и замесете тесто. Немојте да месите предолго, бидејќи поради тоа по печењето ќе биде жилаво, а не крцкаво какво што би требало да биде. Штом сите состојки се поврзат во соединета смеса, може да престанете со месење.
IVA
IVA

Број на мислења : 367
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by IVA Пон Окт 29 2018, 11:07

4. Формирајте го тестото во диск, завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер 45 минути. Тестото се обликува во диск за да можете подоцна полесно да го развиете.
IVA
IVA

Број на мислења : 367
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by IVA Пон Окт 29 2018, 11:07

5. Вклучете ја рерната на 180 степени. Откако тестото ќе се излади, ставете го на подлога наросена со остро брашно, па извалајте го. Ставете го тестото во калап, отстранете го вишокот и искористете го за да ги пополните дупките што може да настанат кога ќе го префрлате тестото во калапот. Ставете го тестото во загреана рерна и печете десетина минути, односно додека не пожолти. Потоа, извадете го од рерна и оставете го да се излади.
IVA
IVA

Број на мислења : 367
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by IVA Пон Окт 29 2018, 11:08

6. Потоа вратете се на подготовката на филот. Измешајте ги со миксер јајцата и шеќерот додека волуменот на јајцата не се зголеми два пати и смесата не стане светложолта. Во тиквата измешајте ја слатката павлака, па така добиената смеса внимателно промешајте ја со изматените јајца си шеќерот.
IVA
IVA

Број на мислења : 367
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by IVA Пон Окт 29 2018, 11:08

7. Повторно вклучете ја рерната на 180 степени. Ставете го филот во изладеното тесто, па потоа ставете го да се пече. Питата ќе биде готова за 40-тина минути. Кога ќе забележите дека на средината е мека, а на остатокот од површината тврда, може да ја извадите од рерна и да ја оставите да се лади.
IVA
IVA

Број на мислења : 367
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by IVA Пон Окт 29 2018, 11:08

Совет плус:

Можете да ја збогатите питата со различни зачини на два начина. Во водата во која ќе ја варите тиквата, може да додадете малку цимет, рендан ѓумбир и мускатно оревче или, пак, истите зачини може да ги ставите во филот.
Може да ја послужите со додаток изматена слатка павлака.

https://www.ubavinaizdravje.mk/gastro/deserti/najednostavnata-pita-od-tikva-idealen-desert-za-popladnevno-uzhivane/
IVA
IVA

Број на мислења : 367
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by osa Пон Окт 29 2018, 23:23

lele mi se odjade od receptot ...ova dur go prochitash ke pomine denot ,a koga ke go spremash .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by Albatros Вто Окт 30 2018, 10:12

Denes ke citas, utre ke spremas. Very Happy

Albatros

Број на мислења : 823
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

PITA Empty Re: PITA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот