IN MEMORIAM
+16
трендафил
misterija
Albatros
Dino
Bosonoga
TRAJCHE
Teo
Luxor
Simulant
tmoro
reiter
osa
Broz
sofmak
Фири
Hamad bim Khalifa
20 posters
Страна 3 of 4
Страна 3 of 4 • 1, 2, 3, 4
Re: IN MEMORIAM
Си замина и Берт Рејнолдс.
Почина холивудскиот актер Барт Рејнолдс
Еден од најголемите холивудски актери од 70-тите и 80-тите почина на 82-годишна возраст. Според информациите од медиумите, тој починал во болница во Флорида од срцев удар, а покрај него било неговото семејство.
Мегаѕвездата со препознатливите мустаќи имаше операција на срцето, при што му беше ставен бајпас во 2010 година.
Ќе биде запаметен по номинацијата за Оскар за улогата во филмот Boogie Nights. Требаше да се појави во новиот филм на Квентин Тарантино Once Upon a Time in Holliwood.
Во својата блескава кариера се прослави со филмовите Deliverance и Smokey and the Bandit.
Холивуд ќе го памети како секс-симбол кој беше заштитно лице на високата актерска класа цели три децении.
https://makfax.com.mk/zanimlivosti/%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%85%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D1%83%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B5%D1%80-%D0%B1%D0%B0%D1%80%D1%82-%D1%80%D0%B5%D1%98%D0%BD%D0%BE/
Luxor- Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02
Re: IN MEMORIAM
Почина една од легендите на македонскиот фудбал, голманот Благиј Истатов.
ИН МЕМОРИАМ: Почина фудбалската легенда Благој Истатов (1947 – 2018)
Едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал Благој Истатов почина на 71-годишна возраст, информираа денеска од неговото семејство.
Истатов е едно од најлегендарните имиња кое остави силна трага во македонскиот фудбал. Роден е на 5. април 1947 година во Струмица. Од најмала возраст почнува со фудбалот во својот роден град, притоа одбирајќи ја голманската позиција. Својата играчка кариера ја почна во Беласица, беше дел и од прилепска Победа, но најславните свои фудбалски денови ги имаше во дресот на белградски Партизан преку кој стигна и до дресот на репрезентацијата на поранешна СФРЈ. Последните две години од активната кариера од 1976 до 1978 година ги мина во холандски Утрехт.
По крајот на играчката кариера беше тренер на Беласица и повеќе домашни клубови, а беше и дел од стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација. Изминативе години и натаму беше активен во фудбалскиот живот како член на УО на ФФМ, но и преку еден од најдобрите домашни спортски комплекси во Дојран кој е подготвителен центар за голем број фудбалски екипи.
https://ekipa.mk/in-memoriam-pochina-fudbalskata-legenda-blagoj-istatov-1947-2018/
Luxor- Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02
Re: IN MEMORIAM
RIP Charles Aznavour
ПОЧИНА ШАРЛ АЗНАВУР – ПОЗНАТИОТ ФРАНЦУСКИ ШАНСОНИЕР
https://lokalno.mk/pochina-sharl-aznavur-poznatiot-frantsuski-shansonier/

Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: IN MEMORIAM
Замина уште една филмска легенда – почина Милена Дравиќ
Милена Дравиќ, една од најголемите српски актерки, почина ноќеска во Белград на 79 години, по долго и тешко боледување.
Дравиќ починала во Клинички центар на Бежаниска коса, каде се наоѓала на лекување.
Дравиќ ја доби наградата за најдобра споредна улога на Канскиот фестивал, специјалната награда Златна роза на Филмскиот фестивал во Венеција, како и најспрестижните награди на екс југословенските простори.
Поради тоа ја сметаат за најголема ѕвезда во историјата на српската и на југословенската кинематографија.
Милена Дравиќ и Драган Николиќ беа еден од најомилените актерски двојки на просторите на поранешна Југославија. Тие речиси целиот свој работен и животен век го поминаа заедно. Во брак беа четири ипол децении.
Драган Николиќ почина на 12 март 2016 година.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11
Re: IN MEMORIAM
ПОЧИНА АКТЕРОТ МИТЕ ГРОЗДАНОВ
На 75-годишна возраст ноќеска во Скопје почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Мите Грозданов.
Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во Југославија Златен ловоров венец за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле.
Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остварувал со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.
Од декември 2008 година е пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата „Стрниште затвор за жени”, како и работата во Театар „Македонија“.
Изминативе години беше активен во монодрамата, поставувајќи ги двете дела „Црв“ во Драмски театар и „Од инат поинат, за инат“ за што знаеше да рече: „Во неколку наврати сум го објаснувал тој феномен. Монодрама може да играат само големи актери. Свет за себе ќе биде ако не знаеш што да правиш со себе. Никогаш не работи монодрама ако преку претставите кои ги играш, заедно со колегите, се си и кажал на публиката за она што сака умот и душата да каже. Но ако имаше покрај претставите уште нешто што те мачи или радува тогаш работи голем актер-тогаш работи голем актеру -преку монодрамата доискажи го она што го мислиш. Светот сам за себе ќе стане општ и ќе се радуваме заедно, зашто и монодрамата не може сама-треба публика!“.
https://sdk.mk/index.php/kultura/pochina-akterot-mite-grozdanov/

Во сообраќајна несреќа во Германија животот го загуби еден од најпопуларните фолк пејачи на просторите на бивша Југославија, Шабан Шаулиќ.
Luxor- Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02
Re: IN MEMORIAM
Билјана Беличанец пронајдена мртва
Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец Алексиќ вечерва е пронајдена мртва, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Беличанец имаше 45 години. Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.
Не се познати причините за смртта.
Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017.
Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец Алексиќ вечерва е пронајдена мртва, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Беличанец имаше 45 години. Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.
Не се познати причините за смртта.
Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017.
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11
Re: IN MEMORIAM
Билјана Беличанец била пронајдена обесена во тоалет
7 Apr 2019 - 1:27
Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец вечерва е пронајдена мртва, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР.
Неофицијално, од извори на истрагата се дознава дека е најдена обесена во бања во стан во центарот на Скопје. Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40, јавува СДК.мк
7 Apr 2019 - 1:27
Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец вечерва е пронајдена мртва, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР.
Неофицијално, од извори на истрагата се дознава дека е најдена обесена во бања во стан во центарот на Скопје. Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40, јавува СДК.мк
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11
Re: IN MEMORIAM
sega se setiv ...tipichno dpmneovski termin petok docna navecher ...vesnici zatvoreni ,televiziite so pola vraboteni poshto e vikend i nabrzinka da se ZAVRSHI rabotata ...strashno so CHIPIRANIVE DPMNEOVCI
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11
Re: IN MEMORIAM
Ти не умре Бибе, ти само се лизна
Познатата театарска, телевизиска и филмска актерка Билјана Беличанец, која четири години беше и градоначалничка на општината Кисела Вода, на 6 април беше пронајдена мртва во стан во Скопје. Според информацијата на МВР, која вчера ја пренесе агенцијата МИА, Беличанец си го одзела животот со бесење, а телото, кое е предадено на обдукција, го пронашол нејзиниот сопруг С.М. по што од брзата помош констатирале смрт. Веста привлече големо внимание во јавноста, а вчера со ин мемориам се огласи и Драмски театар.
„Како актерка со непроценлив талент, работна пожртвуваност и професионалност, таа ги толкуваше главните улоги во пиесите и заслужено го заземаше местото на првенец актер во Драмскиот театар Скопје“, напишаа меѓу другото нејзините колеги од театарот каде што Беличанец работеше од 1997 година.
Билјана Беличанец беше родена на 25 јули 1973 година во Скопје, каде што дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности (1994) по што три години работеше во народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Градоначалничката функција ја извршуваше од 2013 до 2017 година. Како актерка во театарот, Таа настапуваше во голем број претстави и оствари забележителни улоги. Играше, меѓу другите, и во претставите „Заводникот од западниот свет“, „Свадбата на Фигаро“, „Платонов“, „Кандид во земјата на чудата“, „Тетовирани души“, „Три сестри“, „Грев или шприцер“, „Генетика на кучињата“, „Архелаос или Еврипид се враќа дома“, „Последните Македонци“, „Љубовници“. Забележани се нејзините улоги во филмовите „Мајки“, „Од денес до утре“, учеството во ТВ-проектот „Здраво генијалци“, а нејзиниот глас беше лесно препознатлив меѓу натсинхронизираните гласови во популарните турски серии во земјава.
Беличанец за своите актерски остварувања беше наградувана на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на фестивалот „Мали и експериментални сцени“ (МЕСС) во Сараево.
Комеморацијата по повод прераната смрт на Билјана Беличанец ќе се одржи утре во 10 часот во Драмскиот театар Скопје.
i sega samo kratko ke gi zaprasham novinarite koi ja "velichaat" za kakva lichnost stanuva zbor ? koja e belichanec ? kakva lichnost treba da si za da posegnesh po sopstveniot zivot ????? sekako ne normalna ,inaku site bi se samoubivale sekojdnevno i toa bi bila normalna rabota .....zatoa ve molam prestanete da velichate lichnost koja bila dovolno LABILNA da posegne po sopstveniot zivot ....treba da se sramite da pishete i objavite bilo shto za nea ,ne vredi ....

ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ТЕТОВО И АМБАСАДОР АЛАЈДИН ДЕМИРИ
Поранешниот градоначалник на Тетово Алајдин Демири почина вчера по краткотрајно боледување. Имаше 65 години.
Демири беше градоначаник на Тетово од 1997 до 1998 година. Во 1998 заедно со гостиварскиот градоначалник Руфи Османи беше осуден на две години затворска казна поради поради истакнување на знамето на Албанија пред општинската зграда. Ослободен беше со амнестија.
Од 1973 до 1977 студирал социологија во Сараево. Работниот век го почнува како новинар во редакцијата на албански јазик на Македонската радио телевизија, бил и професор во средно училиште како и вработен во Градската библиотека. Од 1995 се вклучува во политика како член на Партија за демократски просперитет (ПДП). Подоцна, во 1997 како кандидат на Демократската партија на Албанците (ДПА) стана градоначалник на Тетово. Од 2000-2002 беше амбасадор на Македонија во Швајцарија, од каде беше повлечен поради возење во пијана состојба.
Од 2001 работи на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде како директор на Библиотеката „Макс Ван дер Штул“ се пензионираше годинава.

[size=30]ПОЧИНА БЛАГОРОДНА ДУЛИЌ, ПОРАНЕШЕН ЗАМЕНИК-ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК И ПРАТЕНИК НА ВМРО-ДПМНЕ[/size]
Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ, која беше и поранешен заменик – претседател на Државната изборна комисија, во времето кога сега покојниот Борис Трајковски беше избран за претседател на Македонија, почина денес.
Дулиќ е родена на 18.04.1941 година во Кочани.
Погребот ќе се одржи утре, а блиските ќе може да се простат со Дулиќ со почеток од 12:30 часот во капелата на гробиштата во Бутел.
Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ, која беше и поранешен заменик – претседател на Државната изборна комисија, во времето кога сега покојниот Борис Трајковски беше избран за претседател на Македонија, почина денес.
Погребот ќе се одржи утре, а блиските ќе може да се простат со Дулиќ со почеток од 12:30 часот во капелата на гробиштата во Бутел.
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16528
Join date : 2015-01-11
Re: IN MEMORIAM
Почина Ники Лауда, трикратен светски првак во формула 1.
http://www.msn.com/en-xl/europe/europe-sport/niki-lauda-three-time-formula-one-world-champion-dies-aged-70/ar-AABExo5?li=BBKxOeh&ocid=spartandhp#image=BBRK0m8|1

Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: IN MEMORIAM
Golem sampion od vremeto koga formula 1 bese natprevar na vozacite a ne na boksovite, timskite naredbi i tehnologijata.
Albatros- Број на мислења : 823
Join date : 2018-08-08
Re: IN MEMORIAM
Почина филмскиот режисер Кирил Ценевски. Негово најпознато дело е филмот Црно семе.
https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-filmskiot-reziser-kiril-cenevski/
https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-filmskiot-reziser-kiril-cenevski/
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: IN MEMORIAM
Почина Џинџер Бејкер (Ginger Baker) тапанар и еден од основачите (со Ерик Клептон) на легендарната група Крим (Cream).
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: IN MEMORIAM
Почина Алексеј Леонов, руски космонаут, прв човек што прошета во вселената.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Luxor- Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02
Re: IN MEMORIAM
ova ko moda da e ,glumcite se samoubivaat
Nebula- Број на мислења : 951
Join date : 2018-08-04
Re: IN MEMORIAM
[size=39]Ноќеска во тешка сообраќајка загина кошаркарската легенда Буштур[/size]
ЦРНА ХРОНИКА30.01.2020 / 6:38
[size=14]Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во Кисела Вода загина легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур, дознава „24 Инфо“.
Според првичните информации, Георгиевски управувал со автомобил и поради лизгавиот коловоз излизгал и удрил во бетонски блокови. Починал на местото на несреќата.
Полицијата изврши увид, а утрово се очекуваат повеќе детали.
[/size]
ЦРНА ХРОНИКА30.01.2020 / 6:38
[size=14]Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во Кисела Вода загина легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур, дознава „24 Инфо“.
Според првичните информации, Георгиевски управувал со автомобил и поради лизгавиот коловоз излизгал и удрил во бетонски блокови. Починал на местото на несреќата.
Полицијата изврши увид, а утрово се очекуваат повеќе детали.
[/size]
Nebula- Број на мислења : 951
Join date : 2018-08-04
Страна 3 of 4 • 1, 2, 3, 4
Страна 3 of 4
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|